За едно деноноќие издадени 2.751 потврди за барање азил

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.751 странски државјани, од кои 1.408  се од машки пол, 491  се од женски, 689 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 163 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан 1.370, Сирија 1.099, Ирак 122 додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни оваа година до вчера, издадени се потврди на вкупно 214.343 странски државјани, од кои 129.615 се од машки пол, 31.518 се од женски, 42.636 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10.574  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 137.006, потоа Авганистан 45.451, Ирак 16.310, Пакистан 4.515, Иран 3.813, Палестина 1.758, Сомалија 1.080, Бангладеш 990, Конго 504, Мароко 291, Алжир 281, Нигерија 264, Либан 255,  додека останатите се во помал број.

Во текот на вчерашниот ден до Одделението  за азил не се поднесени  барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, информираат од МВР.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 4 ноември 2015 година евидентирани се вкупно три баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита тројца баратели на азил се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска