Најстудено во Петровец и Берово

Од:

Најниска температура од минус 4 степени целзиусови изутрина во 7 часот и 30 минути е измерена во Скопје-Петровец и  во Берово. Минус три степени се регистрирани во  Тетово, – 2 во Битола и во Струмица, -1 во Демир Капија и Куманово, 0 во Кавадарци, Прилеп, Штип,  Крива Паланка, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Маврово и Гевгелија, 2 во Охрид и Лазарополе…

Според Управата за хидрометеоролошки работи,  денеска времето ќе биде сончево, а попладне со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе бидат  во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со слаб северен ветер и со максимална температура до 17 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и претежно сончево време, со услови за слаба магла по одделни котлини. До недела утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат. За време на викендот ќе има појава на умерена облачност и ќе дува  умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски