Опозициските социјалдемкрати се победници на парламентарните избори во Литванија.
По два изборни круга, социјалдемократите освоија 38 од вкупно 141 места во Парламентот, што би можело да биде доволно за формирање на влада.
Социјалдемократите ги критикуваа тековните владини планови, во 2014-та да го воведат еврото како валута, и велеа дека ако ја освојат власта, ќе ја одложат фазата на преминување на валутата која ја делат 17 европски земји, се додека ЕУ не биде во состојба да ја доведе во ред тригодишната финансиска криза во таа балтичка земја.
Владејачката конзервативна партија предводена од премиерот Андриус Кубилиус, заврши на второто место со освоени 32 пратенички места, покажуваат неофицијалните резултати.
Литванија има мешан изборен систем, според кој 71 пратеник се бира во едномандатни изборни окрузи, а 70 според партиски листи.