А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Хелсиншки: Полицајци им барале пари на бегалците за да „побрзо им издадат документи“, билетите се уште 25 евра

by А1он03/11/2015 - 19:56235
Share0

Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот „Подобрување на заштитата на правата на мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“, врз основа на секојдневните набљудувања на терен, објави извештај кој се однесува на физичките капацитети и потреби, како и начинот на постапувањата на надлежните институции кон бегалците на граничните премини.

Добивај вести на вибер

Гевгелија:

Просторни капацитети и организации присутни на терен:
Кампот во Гевгелија има два влеза, еден службен преку кој влегуваат службени возила и еден преку кој влегуваат бегалците. Постојат 3 пунктови на Црвен крст, пункт на невладината организација НУН која на бегалците им дели оброци, потоа пункт на Легис, и пет објекти на УНХЦР од кои првиот се користи за складирање на хигиенски средства, два за резерви од храна и по еден за вода и ќебиња.

Исто така, на теренот има контејнери наменети за полициските службеници и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), како и тоалети. Иако хигиената во тоалетите е на добро ниво, лицата задолжени за нивно одржување се жалат на недостаток на средства за дезинфекција.

На теренот се поставени два големи шатори опремени со клупи, а наменети за одмор на бегалците кои поминуваат и чекаат воз, односно за одмор додека чекаат регистрација.
Постојат два шатори на UNICEF наменети за одмор на семејства со деца. На терен се присутни и Humanity First кои делат кафе и чај, како и организацијата Ла Страда (Отворена порта).

УНХЦР исто така има поставено и дополнителни 6 шатори наменети за одмор на бегалците. Помеѓу двата влеза се наоѓаат четири мобилни канцеларии на IOM (Меѓународна организација за миграции) кои ги користат полициски службеници за регистрација на бегалците, а во кои исто така се присутни претставници на Здружението на млади правници. Загрижувачки е тоа што на терен е присутно само едно амбулантно возило со двајца медицински службеници и шофер за возилото. Раководител на кампот е Зоран Лазаровски.

Институционално постапување:

Неправилности се забележуваат во постапувањето на вработените во ЈП Македонски железници – кондуктерите, како и во постапувањето на дел од полициските службеници кои се присутни на граничните премини.

Кога има поголем наплив на бегалци и се создаваат колони, полицијата преку примена на сила или закана се обидува да ги контролира. Во конкретен случај, полицијата ги подигнала во висина палките како знак на заплашување и удирала по торбите на бегалците со цел да ги принуди да ги слушаат наредбите. Ова придонело луѓето да бидат видно исплашени и вознемирени, што само ја влошувало состојбата и создавало паника. При справувањето со бегалците, полициските службеници често реагираат со агресивност (шлаканици и пцости). Иако се прават обиди, процесот на идентификување на полициските службеници кои неоправдано употребуваат сила врз бегалците е тежок, бидејќи бегалците брзаат да го напуштат местото на настанот, несакајќи да се задржуваат и да сведочат за таквите настани.

Најмногу проблеми се забележуваат во постапувањето на кондуктерите на МЖ при продавањето на билети. Билетите им се наплаќаат по цена од 25 евра, при што често се случува кондуктерите да се обидуваат да ги измамат при враќање кусур или користење на различни валути.

Проблеми се појавуваат и кога бегалците плаќаат во различни валути, па кондуктерите ги користат таквите прилики да се стекнат со противправна корист. Различно се наплаќаат и билети на малолетни деца, од сите возрасти.
Постапувањето на медицинскиот персонал во амбулантите на терен е непрофесионално. Дел од медицинскиот персонал кон бегалците и кон активистите се однесува нељубезно и игнорантно.

И понатаму продолжува дрско однесување на полициските службеници, па дури и од повисоките рангови, кон активистите и кон бегалците. Полициските службеници кои се присутни на терен, ретко реагираат на расправии и физички пресметки помеѓу бегалците. Наместо да интервенираат,тие ги оставаат активистите кои се присутни на терен да ги смируваат тензиите и разделуваат тепачките. Во еден случај, при несогласувања меѓу бегалците пред тргнувањето на возот интервенирала Единицата за брзо распоредување (ЕБР), при што врз едно лице била употребена прекумерна сила односно со пендрек бил совладан на земја бидејќи пружил отпор при спроведувањето.

За конкретниот предмет, Хелсиншкиот комитет ќе покрене постапка пред соодветните институции. Загрижувачки е што постојат индиции дека полициски службеници им барале и земале одредена сума пари на бегалците со ветување „побрзо да им ги издадат документите“.
Хелсиншкиот комитет предупредува дека ваквото дејство претставува кривично дело, и е недозволиво службени лица противправно да се стекнуваат со имотна корист на штета на бегалците за извршување на нивната должност.

Куманово:

Физички капацитети и организации присутни на терен
Во кампот за бегалци Табановце се распоредени 15 куќички на УНХЦР. Постои еден пункт за делење храна и облека, еден пункт за престој на семејства, како и еден шатор за деца поставен од невладината организација Легис.

Црвен крст има поставено два пункта и има исто така и два тоалета. Покрај овие организации, на теренот можат да се забележат и претставници на PREDA PLUS (невладина организација задолжена за дистрибуирање на пакети со храна и облека), АДРА- Македонија (Adventist Development and Relief Agency International- независна хуманитарна организација од Црквата на адвентистите на седмиот ден за специфични потреби на луѓето и општеството- за развој и помош при несреќи), хуманитарната организација EUROHUMAN, како и здружението за настава и култура, LEXO- Куманово.

Од страна на наведените организации се задоволуваат потребите за најголемиот дел од средствата, односно храна, вода, облека, средства за лична хигиена, како и се обезбедува здравствена помош. Хигиената на теренот е релативно добра и се одржува редовно. Раководител на кампот во Табановце е Горан Стојковски.

Од согледувањата на набљудувачите, кампот има недостаток од поголем број на куќички за одмарање и преспивање на бегалците кои се задржуваат таму подолго време. Дополнително, има потреба од подобро означување, осветлување и тампонирање на патот кој води до граничниот премин со Србија и подобро означување на местата за да знаат бегалците каде се наоѓаат во секое време. Со оглед на промената на времено и пад на температурите, итна потреба има од поголемо количество на зимска облека, обувки и кабаници за дожд.

Институционално постапување:

Во кампот ретко се забележуваат полициски службеници, униформирани или во цивилна облека. Тие повремено транзитираат низ кампот, па и тогаш кога е потребна нивна интервенција, како на пример при судир на групи од бегалците, тие не се секогаш присутни за да интервенираат. Граничната полиција е распоредена на нејзините пунктови, кои се подалеку од теренот на кампот.

Со оглед на тоа што билетите се купуваат при качувањето во Гевгелија, вработените во Македонски железници односно кондуктерите речиси и не ги напуштаат возовите. Волонтерите на терен се грижат за качување и слегување на бегалците во возовите, па постапувањето на кондуктерите не е забележано како несоодветно.

helsinskimigranti

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Горан Наумовски09/12/2025 - 15:2609/12/2025 - 15:26

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:1007/12/2025 - 17:39

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 21:15

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 19:56

Пријава за тетовец: Во возило превезувал седум мигранти, меѓу нив и малолетници

Горан Наумовски04/12/2025 - 19:5104/12/2025 - 20:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен