Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 14 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе достигне до 19 степени.
До утре под влијание на потопла воздушна маса дневните температури ќе бележат благ пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали. Веќе од задутре ќе потпаднеме под северно воздушно струење кое ќе предизвика постепено опаѓање на дневните температури.