Владејачката партија „Нов Азербејџан“ освои апсолутно мнозинство во новиот Парламент на вчерашните избори и на тој начин претседателот Илхам Алиев ја задржа контролата на власта во земјата богата со нафта. Опозицијата, меѓутоа, соопшти дека изборите се фалсификувани.
„Нов Азербејџан“ освои 71 отсто од вкупно 125 места во еднодомниот Парламент со петгодишен мандат, објави Централната изборна комисија (ЦИК).
Повеќето од останатите пратенички места се распределуваат меѓу мали партии и независни кандидати, исто така верни на Владата.
Одѕивот на избирачите бил 55,7 отсто. Право на глас имаа 5,9 милиони избирачи од деветмилионското население.