Израелскиот министер за економија поднесе оставка

Од:

Израелскиот министер за економија Арие Дери денеска поднесе оставка, со што му се отвори патот на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја заобиколи одлуката на израелскиот антимонополски комесар и да продолжи со реализација на спорната зделка за природен гас.

Израел откри две големи наоѓалишта во 2009 и 2010 година, но нивната експлоатација се покажа како покомплицирана од очекуваното поради споровите за цените, извозната политика и поделбата на профитот со енергетските компании, кои работат на наоѓалиштата.

Критичарите го обвинија Нетанјаху дека попушта пред монопол на сметка на израелската државна каса.

Дери одби да ја укине одлуката на антимонополскиот комесар.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас