Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје после три врзани победи, доживеа пораз на гостувањето против Крка од 72:68 (10:14, 19:23,24:12,19:19) во рамки на 8. коло од регионалната АБА лига.
Првото полувреме целосно им припадна на гостите од Скопје, но во третата домашните направија пресврт по што се влезе во неизвесен финиш каде што подобро се снајде Крка и заслужено славеше.
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Мијатовиќ со 16 поени, Луковиќ постигна 11 поени, а по 9 поени Стојановски и Љубичиќ. Кај домашните најистакнат поединец беше Лалиќ со 20 поени, а по 12 запишаа Катниќ и Иванов.
МЗТ Скопје по ова 8. коло, има и четири победи и четири порази, колку што сега има и екипата на Крка.