Во Азербејџан денеска се одржуваат парламентарни избори, кои се очекува уште повеќе да ја зајакнат позицијата на претседател Илхам Алиев, а кои се бојкотирани од опозицијата.
Околу 5,9 милиони гласачи се повикани да излезат на гласање и да ги изберат 125-те членови на Парламентот со мандат од пет години.
Избирачките места ќе бидат затворени во 15 часот по Гринич.
Главните опозициски партии, меѓу кои и Националниот совет на демократските сили, партијата „Мусават“ и Демократската партија на Азербејџан одбија да учествуваат на изборите.