Москва: Употреба на сила без дозвола на Дамаск неприфатлива

Од:

Примената на сила без усогласување со Дамаск за Русија не е прифатлива, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, коментирајќи ја можноста за копнена операција на САД.

– Прашањето за употреба на воена сила во која било форма без согласност на Дамаск за нас е неприфатлива, рече заменик шефот на руската дипломатија.

– Оваа ситуација трае долго и тоа е една од темите за кои ние имаме темелни несогласувања со САД, додаде Рјабков.

Според него, треба да се мисли не за тоа „како да се закомпликува ситуацијата со Американците“, туку за заедничко изнаоѓање начини за решавање на сириската криза.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни