Постои ризик од војна и поради безначајни инциденти, предупредување на Кина до САД

Од:

Кина денеска ги предупреди САД дека дејствијата на американската морнарица во Јужнокинеското Море можат да предизвикаат војна дури и поради безначаен инцидент.

Командантот на кинеската морнарица Ву Шенсли за време на вчерашната видео-конференција со американскиот колега, началникот на поморски операции на САД Џон Ричардсон ги нарече постапките на САД во Јужнокинеското Море „опасни и провокативни“, се наведува во соопштението на кинеската морнарица.

– Без оглед на неколкуте разговори и одлучното противење на Владата на Кина, американската страна го испрати ракетниот разурнувач УС С Ласен во област на кинеските острови Нанша. Таквите постапки на САД претставуваат закана за суверенитетот и безбедноста на Кина и им нанесоа штета на мирот и стабилноста во регионот. Тие се исклучително опасни и провокативни, рече Ву.

САД во вторникот на 27 октомври го испратија разурнувачот Ласен во патрола кај претходно полупотонатите гребени Џуби и Мејџи, вештачки острови на архипелагот Спретли, приближувајќи се на оддалеченост од 12 наутички милји.

САД повеќе пати претходно соопштуваа дека нема да му дозволат на Пекинг просторот од 12 милји од брегот да го прогласи за свои територијални води, тврдејќи дека тоа не се однесува на вештачките острови, додека претставник на Пентагон наведе дека разурнувачот пловел кај островот во согласност со меѓународното право во рамки на „рутинска операција“.

Кина со децении се спори со повеќе земји околу територијалната припадност на повеќе острови во Јужното Кинеско Море, каде се откриени значителни резерви на јаглеводород, нафта и гас

Околу островите на архипелагот со повеќе од сто помали острови се спорат неколку земји, меѓу кои Виетнам, Филипини, Малезија, Тајван и Брунеи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија