Груевски: Крваво сценарио не планираме, за народни собири ќе одлучуваме

Од:

Премиерот Никола Груевски го поздрави ангажманот на амбасадорите во преговорите меѓу политичките партии, по вчерашната изјава на петмината амбасадори пред Владата, од каде му порачаа на премиерот и неговата партија да го почитуваат договорот од Пржино.

Неговиот твит објавен непосредно по оваа изјава, Груевски објасни дека значел оти само граѓаните можат преку избори да одлучуваат за својата иднина.

„Работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот, наше инсистирање е да има спроведување на договорот и сме посветени да се случи тоа“, изјави Груевски денеска на прес конференција во Владата по повод бизнис извештајот од Светска банка.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе носи одлука дали ќе организира народни собири и додаде дека не е планирано крваво сценарио ниту пак дека е помислено на тоа.

На новинарско прашање дали на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и се обезбедени финансии за работа, вицепремиерот Зоран Ставрески рече дека во Министерството за финансии е депониран потпис на Јанева, дека се обезбедени средства и дека Владата денеска ќе го разгледува нејзиниот план за работа, а Собранието на 2 ноември ќе ја разгледува владината одлука.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски