Филипинскиот претседател предлага заедничка акција на АСЕАН за справување со пожарите во Индонезија

Од:

Филипинскиот претседател Бенињо Акино денеска изјави дека Индонезија не смее да се осудува поради избувнувањето на големиот број пожари на архипелагот, туку дека неговата држава и другите пријатели од заедницата на државите од југоисточна Азија, АСЕАН, треба да помогнат стихијата да биде запрена.

Акино ваквата изјава ја даде по повод бројните критики на Индонезија од страна на филипинските политичари и медиуми, загрижени од податоците дека облаците смог од Суматра и Калимантан од минатата недела покриваат и добар дел на југот на Филипините.

Пожарите во Индонезија, повеќе од 16.000 регистрирани од саталитите на НАСА од јули наваму, со густи облаци чад веќе месец и пол ги покриваат источниот дел на индонежанскиот архипелаг, Сингапур и поголем дел од Малезија. Од пред десетина дена облаците смог допреа до Филипините и делови на Тајланд. Од минатиот петок ветровите донесоа облаци смог и на најнаселениот остров Јава, загрозувајќи го дишењето и во главниот град Џакарта.

Индонезија неуспешно се справува со пожарите, најмногу поради нивниот голем број и ретката долготрајна суша во овој регион. Состојбата на архипелагот, кој од исток до запад се протега во должина од 5.120 километри, а од север до југ има 1.760 километри, сега ја комплицира и појавата на пожари на крајниот исток, на островот Папуа. Десетици пожари се регистрирани во близина на главниот град Џајапура, а пожарникарите и војската за сега ги држат под контрола.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога