Македонскиот претседател во Брисел на новинарските прашања и во обраќањето ниту говореше англиски, ниту разбираше што го прашуваат.
Можеби затоа нa сред обраќање мафташе со рацете панично барајќи помош од Ивица Боцевски, кој од недомна е во неговиот кабинет.
Иванов, кажа дека сега е моментот кога треба да се покаже колку соседите се меѓусебно искординирани и солидарни и заедно да одговорат на предизвиците.
– Очекуваме дека Грција ќе соработува комплетно во оваа бегалска криза и ќе ги разменува податоците кои се неопходни за да знаеме како да се справуваме бидејќи има денови кога и до 10.000 ни доаѓаат бегалци на територија на Република Македонија, изјави вчера Иванов на прес -конференција во Брисел.
Тој кажа и една мисла од Бенџамин Френклин: „Ако не се држиме заедно ќе висиме одделно“ – а преведе Ивица Боцевски.