(ВИДЕО) СДСМ Штип: Се создава ли недостаток на огревно дрво за да се богатат одредени приватни добавувачи?

Од:

„Температурите паднаа и на нула, започна грејната сезона, а во Штип над 600 семејства останаа без огрев.

Најголем дел од овие граѓани се пензионери.

Граѓаните кои пред повеќе месеци имаа упалтено за дрва во ЈП Македонски шуми, истите не ги добија. До ден денес немаат никакво известување зошто огревното дрво не го добија“, рече на прес конференцијата Д-р Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

„Сега истите тие граѓани се приморани да плаќаат и до 4.000 денари за еден метар кубен огревно дрво од приватни добавувачи што е далеку повисока цена од цената на чинење во Јавното претпријатие. Ова претставува сериозен удар врз нивниот стандард.

Нема објаснување од Македонски шуми зошто нема дрва. Оттука се наметнува сомнежот дали некој не создава недостаток на дрво за огрев, за да се богатат одредени приватни добавувачи.

Над 5.500 метри кубни дрва моментално недостасуваат за граѓаните на Штип.

Ветувањата од ЈП Македонски шуми дека на граѓаните коишто не добиле дрва наводно ќе им бидат вратени парите не го решава проблемот.

Бараме раководството на ЈП Македонски шуми да објасни што се случи и поради што граѓаните се оставени без дрво за огрев?

Едно е јасно, превработеноста на ЈП Македонски шуми со несоодветен кадар, примен исклучиво со партиска книшка на ВМРО ДПМНЕ и хаотичната организациона поставеност на ЈП ги оставија граѓаните на милост и немилост, да се снаоѓаат со огревно дрво како знаат и умеат!

Кога веќе толку многу го акцентираат зголемувањето на пензиите за 600 ден, ВМРО ДПМНЕ им должи на истите тие пензионери одговор колку чинеше огревното дрво порано, колку чини  денес?

Пропагандата и реалноста за волја на вистината се две различни работи“, изјави Д-р Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

Би можело да ве интересира

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски