Нетанјаху: Израел ќе преговара со сите што не сакаат да го уништат

Од:

Израел е подготвен да преговра со сите оние што не повикуваат на негово уништување, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на седницата на Комитетот за надворешна политика и безбедност на Кнесетот.

– Не преговраме со Бин Ладен, ниту со Исламската држава, но ќе преговараме со сите оние кои не повикуваат на уништување на Израел, одговори Нетанјаху на прашањето на еден десничарски пратеник зошто воошто води мировни преговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Нетанјаху изјави дека тој е подготвен на територијални остапки во интерес не мирот, но дека „другата страна не сака да оти по тој пат“.

– Половина од Палестинците се задоени со екстремниот Ислам, кој сака да не уништи. Доколку утре има избори (за органите на власта на палестинската автономија) би победил Хамас, додаде Нетанјаху,

Тој нагалси дека иако не е застапник на трансформација на Израел во бинационална држава, земјата мора да продолжи да ја држи под контрола целата територија, вклулително и на палестинските автономни реони, со цел да ја гарантира својата безбедност.

Израел во летото 2005 година ги повлече своите сили и ги дислоцираше еврејските населби од Појасот Газа, кој потоа падна под управа на радикалното движење Хамас, додека и натаму го контролира Западниот Брег и таму проодлжува со изградба на нови еврејски наслеби.

Обраќањето на Нетанјаху пред Комитетот на Кнесетот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Израел и Палестинците, кои тврдат дека ваквата новонастаната состојба е последица на „речиси петдецениската окупација, проодлжувањето на ширењето на еврејските населби и загуната надеж дека ќе добијат независна палестинска држава“.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас