Неколку неочекувани резултати ги одбележаа натпреварите од третото коло во фудбалската Лига Европа. Јирген Клоп и на вториот меч како тренер на Ливерпул не успеа да победи, неговиот тим одигра 1:1 со Рубин.
Најголемите изненадувања се случија во И групата, каде победи славеа гостите, Лех во Фиренца против Фиорентина, а Беленесеш во Базел.
Изненадување секако претставува и гостинската победа на Сент Етjен кај минатосезонскиот финалист Дњипро, како и триумфот на Аугзбург во Холандија над АЗ Алкмар.
Спарта Прага успеа да остане непоразена во Гелзенкирхен, како и Бешикташ кај Локомотив во Москва.
Во дербито Андерлехт со пресврт славеше над Тотенхем, а Фенербахче во претпоследната минута го скрши отпорот на Ајакс.
Играч на колото е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Обамејанг, кој во Азербејџан против Габала постигна хет трик.
Група А: Фенербахче-Ајакс 1:0, Молде-Селтик 3:1
Група Б: Бордо-Сион 0:1, Ливерпул-Рубин 1:1
Група Ц: Габала-Борусија 1:3, ПАОК-Краснодар 0:0
Група Д: Митјиланд-Наполи 1:4, Легија-Бриж 1:1
Група Е: Рапид Виена-Викторија Плзен 3:2, Виљареал-Динамо Минск 4:0
Група Ф: Брага-Марсеј 3:2, Либерец-Гронинген 1:1
Група Г: Дњепар-Сен Етиен 0:1, Лацио-Розенборг 3:1
Група Х: Локомотив Москва-Бешикташ 1:1, Спортинг-Скендербег 5:1
Група И: Базел-Белененсеш 1:2, Фиорентина-Лех 1:2
Група Ј: Андерлехт-Тотенхем 2:1, Монако-Карабах 1:0
Група К: АПОЕЛ-Астерас 2:1, Шалке-Спарта Прага 2:2
Група Л: АЗ Алкмар-Аугзбург 0:1, Партизан-Атлетик Билабо 0:2.