Гигантски астероид ќе се доближи до Земјата на Ноќта на вештерките

Од:

Експертите на американската агенција за вселенски истражувања NASA откриле гигантски астероид, кој на 31-ви октомври ќе ѝ се приближи на Земјата на рекордно блиско растојание во последните девет години.

Брзината со којашто ова вселенско тело ѝ се приближува на Земјата, изнесува 35 километри во секунди, што е невообичаено висок показател, истакнуваат американските научници.

Објектот, кој е означен со 2015 TB145, ќе мине крај нашата планета на оддалеченост од 499.000 километри, што е еднакво на 1,3 растојанија од Земјата до Месечината. Според истражувачите, дијаметарот на астероидот може да изнесува од 280 до 620 метри, пишува британски The Mirror. Весникот истакнува дека според прогнозите на научниците, објектот 2015 TB145 не претставува опасност за Земјата.

Последниот пат ова вселенско тело пролета крај земјата на најблиска оддалеченост , споредена со 1,1 растојание од Земјата до Месечината, во 2006 година. Следното приближување кон Земјата на астероид со слични димензии ќе се случи во август 2027 година, се додава во извештајот на NASA.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината