Без објаснување одложена расправата за обвинителите на Јанева

Од:

Советот за јавни обвинители од нејасни причини денеска ја одложи седницата на која требаше да се одлучува за останатите седум обвинители предложени од Катица Јанева, со кои би се комплетирал тимот на специјалното јавно обвинителство.

Како што дознаваме Јанева испратила допис до Советот во кој се бара изгласување на останатите нејзини помошници и иако седницата требаше да се одржи денеска во 10.00 часот, таа е одложена без објаснување.

Утринава новинарите биле замолени да ја напуштат салата во Советот каде се одржуваат седниците. После извесно време им било речено дека седницата нема да се одржи и дека се одложува за утре во 10.00 часот. Претседателот на Советот, Петар Аневски, кој претходно редовно ги информираше новинарите, сега е недостапен на неговиот телефон.

Вчера Аневски изјави дека Советот добил допис од Министерството за правда со кој се бара изгласување на останатите седум обвинители на Јанева.

Во прилог на дописот биле и потписи од четирите најголеми политички партии. Аневски вети дека денеска ќе се расправа за барањето од Министерство доколку Јанева испрати барање до Советот, но посочи дека тоа не значи оти ќе бидат изгласани, туку дека останува на членовите да се произнесат. При тоа додаде дека веќе избраните кандидати се доволни за специјалното јавно обвинителство да може да работи.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он