ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните мора точно да знаат за што разговарал и со кого се сретнал Заев во Израел

Од:

Изјавата на Амбасадорот на државата Израел во врска со посетата на Зоран Заев, дека според негови сознанија немало средба со шефот на Мосад, е втор сериозен демант во овие три дена, по првиот во кој беше нагласено дека на куртоазните средби на Заев во Израел воопшто не било разговарано ниту за безбедносни, ниту за финансиски прашања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Според партијата, Заев и нанесе голем срам на Република Македонија и креираше невиден меѓународен дипломатски скандал и преседан, а СДСМ нема храброст да ја признае неговата неодговорност и незрелост.

– Молкот во врска со демантите од Израел е јасен сигнал дека СДСМ потврдува дека ниту нивниот лидер се сретнал со шефот на Мосад, ниту било разговарано за внатрешни прашања во Македонија, безбедносни или финансиски. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на одговор бидејќи граѓаните на двете држави го заслужуваат тоа, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа