Првиот натпревар од 10.коло од француската Лига 1 одигран синоќа меѓу Монако и Олимпик Лион заврши без победник 1:1.
Монако поведе во 39.та минута со голот на Марио Пашалиќ, а гостите изедначија на шест минути пред крајот преку Рафаел. Воедно Олимпик Лион ја искористи предноста од играч повеќе по црвениот картон на играчот на Монако Валас во 66.минута.
Денеска во рамките на оваа рунда играат: Бастија – ПСЖ, Генгамп – Лил, Нант – Троа, Ремс – Каен, Сент Етиен – Ајачио, Тулуз – Анжи.
Во недела се играат дуелите: Олимпик Марсеј – Лориен, Бордо – Монпеље и Рен – Ница.
Табела: ПСЖ 23 бодови, Анжи 18, Каен 18, Рен 16, Олимпик Лион 16, Сент Етиен 16,…