Во Индонезија денеска горат над 769 пожари, од кои 50 се нови

Од:

Сателитскоот центар на НАСА, кој го следи развојот на пожарите во Индонезија, денеска соопшти дека на островите Суматра и Калимантан во утринските часови по локално време се регистрирани 769 пожари, што е 50 повеќе во однос на вчера.

Големите пожари и натаму создаваат облаци од чад со опасни честички за луѓето. Со недели смогот го загрозува здравјето на над 80 милиони жители во овој регион.

Во Индонезија веќе има над 75.000 интервенции, а лекарска помош побарале и голем број жители на Сингапур, Малезија и во последно време во Тајламд.

Пожарите на индонежанските острови тешко се гаснат поради сушата, а се поголем број пожарникари и војници, потпомогнати со авиони и хеликопери, за сега успеваат само да ги локализираат. Има најава дека во источниот дел на индонезискиот архипелаг за време на викендов ќе заврне, но засега е незивесно дали дождот ќе помогне во гаснењето на пожарите.

Најголемиот број пожари во Индонезија се појавија по намерното палење на шумите поради обезбедување обработливо земјиште за нови плантажи на палми од кои се добива целулоза и палмино масло. Недоволно обезбедениот простор, сушата која трае невообичаено долго и растителната структура на шумите придонесоа од август наваму да се појават над 15.000 пожари.

Со авиони и хеликоптери опремени со резервоари што пренесуваат вода од пред три дена во гаснењето учествуваат и Малезија, Сингапур, Кина и Австралија. Најголема надеж индонезиските пожарникари имаат по пристигнувањето на три руски џамбо транспортери на вода, кои се покажаа како најефикасни во гаснењето.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници