Бесплатен интернет на скопскиот аеродром

Од:

Патниците на скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска можат да користат бесплатен безжичен интернет, како заеднички проект меѓу аеродромскиот оператор ТАВ Македонија и  „Македонски Телеком“.

Станува збор за бесплатен безжичен интернет кој е достапен во терминалната зграда и во вип-салонот на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име „Телеком ХотСпот“.

На скопскиот аеродром и досега имаше бесплатен безжичен интернет кој беше ограничен на одредени локации и со одреден временски интервал.

Интернетот на „Александар Велики“ обезбеден од Македонски Телеком е придружен со корисничка заштита, што значи дека секоја несоодветна содржина како вируси и спам, ќе биде филтрирана.

Би можело да ве интересира

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Македонија има најбрз интернет во регионот

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба

Украина добива нови борбени авиони од Макрон: САД не испраќаат Ф-16, на Зеленски му е доста

A1on