МЗТ Скопје на вториот домашен натпревар ја забележа и втората победа во АБА лигата, попладнево совладана беше екипата на Игокеа со 75-70.
Како и на претходните натпревари МЗТ добро го почна натпреварот и брзо направи голема разлика, така на полувремето резлутатот беше високи 48-29, но повторно следуваше голем пад во играта на аеродромци и во финишот резултатот беше тесен и отворен до последните секунди. Сепак овојпат МЗТ успеа да ја сочува разликата и да триумфира.
Мијатовиќ со 14 поени беше најефикасен, Дреновац постигна 13 поени, но севкупно најдобар на натпреварот беше Љубичиќ, кој реализираше 10 поени, 10 асистенции и пет скока.
МЗТ Скопје во 6.коло гостува кај црногорскиот претставник Сутјеска во Никшиќ.