Форнтекс: Над 710.000 мигранти илегално влегоа во ЕУ во првите девет месеци од 2015

Од:

Над 710 илјади мигранти илегално влегоа во Европската унија меѓу 1 јануари и 30 септември оваа година, соопшти денеска Европската агенција за контрола на границите – Фронтекс.

Минатата година границите на ЕУ незаконски ги минале 282 илјади мигранти.

Најголемиот мигрантски бран минува преку грчките острови во Егејското Море. Вкупно 350 илјади мигранти пристигнале во Грција во првите девет месеци од годинава. Само минатиот месец во Грција пристигнале 49 илјади лица, од кои најголемиот број се Сиријци.

Недостигот на бродови во Либија и влошувањето на временските услови минатиот месец го намалиле за половина бројот на мигрантите, кои пристигнуваат преку Средоземното Море во Италија.

Во септември таа бројка паднала на 12 илјади, а во првите девет месеци од годината во Италија пристигнале вкупно 129 илјади лица, од кои поголемиот дел се од Еритреја.

Претходно денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека од почетокот на годината во Европа преку Средоземното Море влегле 593.432 имигранти и бегалци. Според ИОМ најмногу имигранти и бегалци примила Грција – 453.912, а во Италија пристигнале 136.408.

Според ИОМ, чие седиште е во Женева, над 3.100 лица се удавиле во Средоземното Море оваа година, обидувајќи се да стигнат до бреговите на Европа. Деведесет отсто од нив загинале по морската маршрута меѓу Либија и Италија.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина