Талибанците соопштија дека се повлекуваат од стратешкиот авганистански град Кундуз, кој кратко време беше под нивна контрола.
Портпаролот на талибанците Забиула Муџахид истакна дека талибанските борци се повлекуваат од Кундуз за да се избегнат уште цивилни жртви.
Вршителот на должност гувернер на Кундуз, Хандула Даниши изјави дека продавниците и пазарите во градот повторно се отворени и жителите излегуваат од своите домови. Тој додаде дека војниците вршат претреси во градот.
Талибанците го нападнаа Кундуз на 28 септември и три дена имаа контрола врз градот. Непознат е бројот на загинати повредени, но се оценува дека се стотици.