61-годишна Бразилка, родила близнаци, девојчи и момче, пренесуваат бразилските медиуми.
Бебињата Софија и Роберто, дошле на свет на 24-ти октомври во Сантос, 100 километри од Сао Паоло.
Близнаците се родени во 31-та недела од бременоста и се тешки 900 грама, но се здрави, велат докторите.
Мајката Антонија Летиција Аста многу тешко го поднела породувањето, но и таа сега се чувствува добро.
Близнаците се зачнати во третиот обид од вештачкото оплодување, откако Антонија и нејзиниот сопруг 10 години безуспешно се труделе да посвојат дете.