Во Пожаране и Крушево најмногу дожд

Од:

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Пожаране и Крушево.

Според мерењата на УХРМ, во Пожаране се наврнати 100 литри на метар квадратен, во Крушево 99, следат Охрид со 90, Претор со 87, Тополчани и Тетово со 82, Ѓуришпте и Прилеп 78, Гевгелија со 77, Скопје 71, Маврово и Берово со 70, Куманово и Лазарополе со 69, Крива Паланка со 68, Виница со 63, Штип и Струмица 60, Дојран 58, Битола 52, Пожар 44 и Демир Капија 34 литри на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде облачно со повремен слаб до умерен дожд почест во западните делови од земјава. Ќе дува  умерен југоисточен ветер кој на југот и вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 16 до 21 степен.

Во Скопје слично време, облачно со повремен слаб до умерен дожд и со умерен југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски