Најмалку 41 човек загинаа, а околу 50 се повредени во вчерашниот напад на пазар во градот Бага Сола во Чад. Се претпоставува дека нападите се дело на екстремистичката група Боко харам.
– Меѓу загинатите се и петмината бомбаши-самоубијци – еден маж, две жени и две деца, соопштија властите на Чад.
Боко харам претходно соопшти дека ќе биде лојална на џихадистичката група Исламска држава и ги интензивира нападите во Нигерија, но и во соседните држави – Нигер, Чад и Камерун.
Боко харам ги интензивира нападите откако нигерискиот претседател Мухамаду Бахури најави борба против екстремистичката организација која веќе шест години се обидува да воспостави калифат во северниот дел од земјата.