Најмалку 11 загинати во две експлозии во Нџамена

Од:

Најмалку 11 лица загинаа во две експлозии во главниот град на Чад, Нџамена. Експлозиите се слушнале утринава во интервал од само неколку минути, пренесоа американските медиуми.

Според жител на Нџамена, по првата експлозија се слушнало и пукање од огнено оружје.

Меѓу 11-те жртви петмина се полицајци, информираа локалните власти.

Денешните бомбашки напади се изведени по двојниот самоубиствен напад во Нџамена од 15 јуни, кога најмалку 38 лица беа убиени и над 100 ранети. Тоа беше првиот напад од овој вид во престолнината Нџамена . Нападот беше изведен по заканите што ги упати радикалната група Боко Харам, која е стационирана во соседна Нигерија.

Засега никој не ја преезеде одговорноста за денешните експлозии, но за нив е осомничена токму групата Боко Харам, која веќе имаше нападнато села во Чад долж брегот на езерото Чад, кое ги разделува двете земји.

Вчера обвинителството во Чад информира дека по нападот од 15 јуни биле уапсени 60 лица од Чад, Камерун, Мали и Нигерија.

Чад е меѓу главните воени сојузници на Нигерија во борбата против  Боко Харам, заради што групата јавно му се закани на претседателот на Чад, Идрис Деби, со одмазнички мерки, забележаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Го убија претседателот на Чад, само еден ден откако беше избран

Жарко Настоски

Израел и Чад ги обновуваат односите по речиси 50 години

Ана Ололовска

Тилерсон најави хуманитарна помош од 530 милиони долари за африканските држави

Наум Локоски

Претседателски избори во Чад

Емир Латифовиќ

Повеќе од 40 луѓе загинаа во самоубиствен напад во Чад

Ана Ололовска