На интернет се појавија неколку фотографии на уште еден џелат на Исламска држава, кој поради големината и бруталноста го нарекуваат Булдожер.
Тој има изведено над десетина погубувања на недолжни луѓе во име на Исламска држава, а на едно 14 годишно момче од Сирија му ги има отсечено раката и стопалото затоа што одбило да се приклучи на џихадистите.
Момчето кое се вика Омар, и кого исламистите го заробиле во Сирија и го мачеле еден месец, сведочеше дека Булдожер ги собрал сите други деца да го гледаат неговото касапење.
– Ја стави мојата рака на штица и ми ја отсече дланката, а потоа ми го отсече и стопалото, раскажува Омар.
Токму како Џихад Џон и овој монструм пред камерите се појавува облечен и маскиран, така што само му се гледаат очите.
На една фотографија е со огромна пушка тешка над 50 килограми, а на друга се подготвува со сабја да му ја исече главата на маж кој е на колена, со марама преку очите.