Отпор против најавеното намалување на овластувањата на Комисијата за антикорупција во Индонезија

Од:

Десетици илјади жители на Индонезија, од повеќе краишта на државата, денеска на плоштадот пред претседателската палата и пред Парламентот демонстрираа против најавените измени на законите за антикорупција.

Незадоволните граѓани, со повици да не се „убива“ комисијата за антикорупција најмногу се гневни поради предлогот Комисијата да има мандат уште 12 години, а потоа да се расформира. Комисијата треба да постои се додека постои Индонезија, порачуваат демонстрантите во петицијата која до денеска на пладне само во Џакарта ја потпишале 33.400 противници на намалувањето на надлежностите на антикорупциската комисија.

Антикорупциската комисија во Индонезија од 2006 година наваму има голема моќ, а во нејзина надлежност се истраги за коруптивни зделки од над 200.000 долари. Индонезија сеуште е на врвот на државите во кои цути корупцијата, на сите нивоа.

Комисијата, со право на вето, има и влијание на именувањето на првите личности на армијата и полицијата, како и на директорите на државниѕе агенции и претпријатија.

Со процеси што Комисијата за антикорупција ги донесе до суд, во Индонезија казни затвор и големи глоби, покрај враќањето на откриените проневерени суми, затворски казни веќе отслужуваат тројца поранешни министри и над сто високи државни службеници.

Поради сеуште непотврдени сомневања за вмешаност во коруптивни зделки, Комисијата за антикорупција го спречи именувањето на нов шеф на индонезиската полиција, кого лично го предложи претседателот Јоко Видодо. Полицијата го возврати ударот со обвинување на двајцата врвни антикорупционери за матни финансиски зделки, а тие поднесоа оставки. Овој судир беше и првата посериозна политичка криза во Индонезија, од кога, во октомври минатата година, за претседател беше именуван Јоко Видодо.

Парламентот во Џакарта има време да расправа за измени во антикорупциските закони до декември, кога треба да почне кандидатура на нови членови на ова тело.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници