Уффф… ама недела!!!

Од:

Аирлија нови уставни судии, па сега не биле по кеиф на опозицијата, ама власта белки не ги бираше за нив. Биле пензионери, партиски војници, сопруги на луѓе со кривични пријави. Па добро де, мора сите нешто да работат, па и тие, и зошто да не, ете колку да го откочат најголемиот кочничар за Преродбата, надградена и проширена.

Уффф… ама недела!!!

Празник на трудот, а кај нас невработеноста цвета, а за тие што сепак си имаат работно место, нашите синдикалци, кои не се тука да протестираат како оние од светот, ете тие со трибини, убаво срочени иницијативи, се борат за нивните права, ете веќе нема да има мобинг, или преведено по нашки, демек, газдите,шефовите,директорите, министрите, нема да смеат да ги малтретираат на работните места…

Е а колкумина би сакале баш да бидат малтретирани,зошто барем ќе работат… Ама за тоа синдикалците ќе кажат нешто,некоја друга година.

Уффф… ама недела!!!

Сепак неделава беше во знакот на акцијата „Монструм“. Ги фативме убијците,се пофали министерката. Тоа беа оние кои професионално го извршија грозоморното убиство. Тоа што после некои новинари извадија дека се фризери, таксисти, гиро-мајстори, не е важно, можеби и добро се камуфлирале. Само новинарите не се квалификувани и никако не можеа да разберат ,кој се е уапсен, кој побегнал.

Уффф… ама недела!!!

Нашите новинари никако да сфатат ,ама и ова странскиве изгледа не се ништо подобри. И затоа колешката од Бугарија беше најљубезно замолена, да не претерува, и да прашува сешто и секаде.

Уффф… ама недела!!!

Ова странскиве новинари никако не можат да сфатат и научат како да се однесуваат, ама затоа тие се, не знам каде на она листата што ни ја испорача Фридом хаус, ама ние го завземаме одличното 115-то место, го држиме убедливо последното место во регионот, а во друштво сме не со некои други, туку со една Северна Кореја а и со Куба.

Негодуваа женски невладини албански здруженија за приведувањето на жени во акцијата „Монструм“. Некои осомничени за тероризам имаат повеќе права од осомничени за стопански криминал. Нели правдата немаше име, ни вера ни пол?

А за неселективна правда и СТОП за монтирани политички случаи се протестираше од Бит пазар, па до Владата и општина Чаир. На мета беа полицијата, судот, и двоецот Груевски-Ахмети.

Уффф… ама недела!!!

И така, она што е од животно значење, а се вика ребаланс на буџет, кој некако многу брзо ни дојде, минува незабележливо. Што ли толку ги запали пратениците од власта па дури и по некои жители на зоолошка градина добија инспирација, па во милост ги молеа „Не биди мајмун“ А ни опозицијата не остана должна.

Го изнервира првиот финансиер, му поднесе интерпелација и ја надгради со 470 аманмани, ама и го смести… или во Светска банка или во гепек, онака фигуративно. А и она што беше… кредити и нови задолжувања од 250 милиони, па уште 100 милиони, не денари ,туку евра, народот го под заборави. Па и не треба да се сети, да го плаќа. А матен Вардар, носи се, ама не пере.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска