Зошто треба Саудиска Арабија да биде бојкотирана?

Од:

Једиот Ахронот – Тел Авив

Нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс велел: „Една лага повторена стопати, станува вистина“.

Мантрата дека Израел е милитантна апартхејдска држава длабоко е вкоренета во совеста на милиони жители на Западот. Ние може да избереме да ги игнорираме лагите на Движење за бојкот на Израел (БДС) или да се обидеме да им парираме на нивните напади.

Историјата покажува дека одбранбените стратегии не ги сплотуваат војските, не привлекуваат нови поддржувачи и не водат до победа на долг план.

Поддржувачите на движењето БДС против Израел присвојуваат монополско право врз активноста поттикната од моралот на Блискиот Исток. Пораката дека Израел е извор на сите зла во регионот е бесмислена, но сепак предизвика емоционални реакции меѓу западните жители, подготвени да ги обвинат богатите и воено моќни држави за проблемите на нивните соседи.

Сега е момент да се извлече корист од тие настани и да се победи идеолошкиот империјализам кои нанесува ужасни штети на нашето доба.

Тврдокорната верзија на исламот – салафизмот – кој Саудиска Арабија на големо го спонзорира, лежи во основата на крвопролевањата на кои сме сведоци во Сирија, Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија, Северна Африка…

Салафистичките организации како Ал Каеда, Боко Харам и Исламска држава се директни последици на проповедите од религиозниот статус кво во Саудиска Арабија. Тие го експлоатираат незаслуженото богатство на Саудиска Арабија за ширење пропаганда до стотици илјади муслимани преку медиумите, џамиите и хуманитарните организации дека салафизмот и неговата етика се автентичниот ислам.

Ете ја директната врска меѓу зголемените цени на нафтата во последните две децении и постоечкиот бум на џихадистичкото насилство и крвопролевања.

Време е загрижените за мирот во светот да ја променат таа ситуација. Време е на саудиските власти да им се даде ултиматум: Или сопирате да извезувате религиозен екстремизам или ќе го добиете истиот бојкот кој го доби Израел.

Време е за протести пред саудиските амбасади за одбивање за издавање визи за проповедници обучени во саудиските религиозни институции и да се блокира достапот до религиозни телевизии и интернет сајтови од Саудиска Арабија.

Луѓе од сите држави треба да се вклучат во тоа ново движење (за бојкот на Саудиска Арабија): евреи (кои се директна цел на салафитите), христијани (кои се потиснувани и им се негира правото да се молат во Саудиска Арабија), муслимани од Западна Африка, Индонезија и Индија (кои ги дознаваат вредностите од кажаното од салафитите дирекно преку верата), активисти за правата на мигрантите (кои се вџашуваат од условите за живот на мигрантите во Саудиска Арабија), еколози (кои се запознати со штетите при производството на нафтата) и пацифисти (кои треба да се борат против извозот на модерни оружја за држави каде се кршат човековите права).

Се разбира, не треба да ги заборавиме жените и хомосексуалците (на кои во Саудиска Арабија им се негираат основните човекови права) и на семејствата на жртвите од 11 септември.

Во таа борба не можеме да сметаме на поддршка од западни политичари, финансиери и новинари, кои ги користат благодетите од петродоларите.

Неодамнешниот избор на Саудиска Арабија за претседавач со Советот за човекови права во ОН сликовито ја илустрира таа реалност.

Независно од се, ние треба да ги искористиме мноштвото достапни можности на интернет и социјалните медиуми за да ги образуваме луѓето за саудиската закана по човековите права и светскиот мир.

Да ја реформираме Саудиска Арабија преку кампања за бојкот е најморалната кампања за Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ