апонската корпорација Тојота моторс целосно ќе соработува со американските власти во нивната истрага како нејзини автомобили во голем број се во раце на терористичката Исламска држава. Тоа го соопшти денеска портпаролка на американската филијала на компанијата.
– Ја поддржуваме истрагата на Министерството за финансии на САД за доставувањето стоки и капитал на Блискиот исток, изјави таа.
Медиуми во САД објавија дека Вашингтон се обидува да истражи како Исламска држава добива во колем број автомобили на Тојота, најмногу од моделите Кајлукс и џипови Ленд крузер.
Според медиумите, ИД пред извесно време се снабдила со стотици нови автомобили на корпорацијата.
Тојота тврди дека од 2012 година ги прекинала активностите во Сирија.