ФОТО: Мајкрософт го претстави смартфонот Лумиа 550

Од:

Компанијата Мајкрософт го претстави новиот смартфонот Лумиа 550 со оперативен систем Виндоус.

Лумиа 550 4

Лумиа 550 е евтина алтернатива на новиот врвен смартфон Лумиа 950 и Лумиа 950 ХЛ, што на пазарот треба да се најдат до крајот на годината.

Смартфонот Лумиа 550 има 4,7 инчен АМОЛЕД екран со резолуција 1.290х720 пиксели, 1,2 Гигахерци окта-кор Снапдрагон 210 процесор, 1 ГБ РАМ меморија и 8 ГБ внатрешна меморија.

Лумиа 550 2

На задната страна се наоѓа камера од 5 мегапиксели, а на предната од 2 мегапиксели. Корисниците на располагање имаат апликации и услуги од Виндоус 10.

Лумиа 550 3

Уредот не е базиран на традиционалниот Лумиа дизајн, а поседува црно стакло напред и поликарбонско куќиште достапно во црвена, бела, сина и црна боја.

Лумиа 550 во продажба ќе се најде во декември по цена од 139 долари.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска