Министерството за внатрешни работи на Индонезија денеска соопшти дека сите деца во таа држава, од новороденчињата до тие на 17 годишна возраст, ќе добиваат документ за лична идентификација. Личната карта, која ќе се издава посебно од сертификатот за род, на младите ќе им служи за запишување во училиште, отварање на штедни сметки, за регистрирање во здравствените институции и легитимирање. За вакви активности децата за сега мора да ги имаат документите за идентификација на нивните родители.
Издавањето на лични карти за најмаладите жители во 256 милионската Индонезија ќе започне во неколку провинции во државата од јануари идната година, а сите новородени и млади до 17 години овој документ ќе го имаат до крајот на годината.
Неодамна, Индонезија објави дека годишно во државата се раѓаат меѓу 4,5 и 5 милиони бебиња. Предлагашите на новиот закон за лични карти образложија дека со најновата мерка ќе се исполан уставните права на оваа категорија ѓители.