Во последните 24 часа се издадени 2.582 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно странски државјани од кои 1.582 мажи, 319 жени, 529 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 152 деца кои патуваат без родител.
Како што соопшти МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 1.827, Авганистан, 481 и Ирак, 88.
Во периодот од 19.06.2015 до 07.10.2015 година во осум часот, издадени се потврди на вкупно 122.952 странски државјани, од кои, 81.156 се од машки пол, 16.271 се од женски, 21.148 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.377 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 89.089, потоа Авганистан, 17.080, Ирак 7.929, Пакистан 3.155 Палестина 1.228, Иран 892, Сомалија 740, Бангладеш 731, Конго 426, Нигерија 229, Камерун 200, Еритреја 168, Етиопија 144 и Судан 121.
Во периодот од 08,00 часот на 06.10.2015 до 07.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил .
Од почнувањето на издавањето на потврдите до денеска, до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда при што 37 барања се од државјани на Сирија (10 за деца), три се од државјани од Пакистан и Авганистан (четири за деца кои го придружуваат родителот), по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.10.2015 година евидентирани се еден барател на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита едно малолетно лице без придружба на старател,двајца мажи и малолетно лице со придружба се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст од 5 октомври во 21 часот до вчера во истиот термин, на Табановце укажале прва помош на 141 лице, донеле 77 шишиња вода, шест кутии по 100 бисквити, 19 ќебиња, седум пакети со хигиена и осум пакети прва помош пакети, додека во гевгелија им укажале прва помош на 725 лица и донеле 3.900 шишиња вода, седум хигиенски пакети, 135 ќебиња и шест пакети прва помош.