Пипан: Има за што да жалиме

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го претрпе вториот пораз во АБА лигата, а разочаран од пропуштената шанса за триумф над Партизан беше тренерот Алеш Пипан.

– Дојдовме во Белград со цел да победиме, но за такво нешто не е доволно да се игра само едно добро полувреме. Не можам да објаснам што се случи со моите играчи. Тие мислеа дека се е готово и прокоцкаа се за само неколку минути. На полувреме мислеа дека се е готово, тоа беше нашиот главен проблем. Имаме за што да жалиме, пропуштивме одлична шанса да победиме еден голем ривал, изјави Пипан на прес-конференцијата по натпреварот.

Партизан победи со 72:69, иако „штрковите“ на полувреме водеа со 11 поени разлика.

МЗТ Скопје в петок го очекува нов дуел во АБА лигата, во 4.коло гостува во Сремска Митровица кај Мега Лекс.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска