Најмалку 19 загинати при налетот на тајфунот „Муџиге“ во Кина

Од:

Најмалку 19 лица загинаа, а четири други се водат како исчезнати при налетот на тајфунот „Муџиге“ во јужна Кина, јави Хсинхуа.

Седум лица загинале при удар на торнадо предизвикано од тајфунот во јужната кинеска провинција Гуангдунг, а уште седум други ги загубиле животите при неколку свлечишта. Тројца рибари загинале при превртување на нивните рибарски чамци, а едно безживотно тело е пронајдено под остатоци на разурната куќа.

Во истата провинција четворица рибари се водат како исчезнати, откако не се вратиле со своите чамци не се вратиле во матични пристаништа.

Уште едно лице загина во соседната кинеска провниција Гуангси, откако врз него паднало откорнато дрво. Во оваа провинција, според властите, уништени се или оштетени вкупно 417 станбени објекти.

Властите соопштија и дека само во провинцијата Гуангдунг тајфунот предизвикла штета од 23,24 милијарди јуани (3,66 милијарди долари).

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија