Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус (28) останува и понатаму во затвор и не ќе може да биде префрлен во домашен притвор, како што тоа побараа неовите адвокати, одлучи Комисијата за казни на Јужна Африка.
Неговата жалба не била воопшто разгледувана, па тој наверојатно ќе остане во својата затворска ќелија до почетокот на идниот месец, кога во посебна постапка ќе се расправа по жалбата на Обвинителството околу неговата казна.
Писториус требаше да биде префрлен од затворот покрај Преторија, во домашен притвор, уште во август, но постапката беше прекината во последен момент, со интервенција на јужноафриканскиот министер за правда Мишел Масута.
Некогашнот спортски херој на земјата, атлетичарот кој трча со специјални протези, затоа што ги има загубено двете нозе до потколената, во 2014 година беше осуден на пет години затвор, за ненамерно убиство на својата девојка Рева Стенкамп.
Писториус се бранеше дека ја убил Стенкамп, пукајќи низ затвирената врата на бањата во неговата вила во Преторија, мислејќи дека таму се крие провалник, без да знае дека во бањата влегла неговата девојка.
Обвителството (и нејзините родители) сметаат дека тој намерно ја убил Стенкамп и како доказ за тоа ги изнесуваат тврдењата на некои соседи дека пред истрелите, слушале „бурна и бучна расправија„ во вилата на Писториус.
Судијата во процесот, меѓутоа, заклучи дека нема докази за обвнувањето за намерно и планирано убиство.
Државниот обвинител бара преиспитување на казната, па доколку биде прифатена неговата жалба, Писториус може да добие многу повисока казна.
Параолимпиецот кој полека ја губи симпатијата во јавноста, можеше да биде пуштен во домашен притвор, врз основа на законската одредба која овозможува излегување од затворска ќелија, по издржување на една шестина од казната. Во случајот на Писториус станува збор за време од десет месеци.
Министерот за правда го блокираше излегувањето на обвинетиот, затоа што во август годинава, беа поминати само шест месеци од издржуањето на казната.