Дреновац од МЗТ Скопје во ТОП 5 на второто коло на АБА лигата

Од:

Играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓе Дреновац со учинокот на дуелот со Металац и со индексот на поени 28 се најде во ТОП 5 играчите на 2.коло.

Тој го зазема второто место зад Миро Билан од Цедевита, кој имаше индекс поени 33.

Од третото до петтото место се најдоа: Немања Врањеш (Сутјеска) 26, Маик Цирбес (Црвена Звезда) 24, Тимоте Луваву-Кабаро (Мега Лекс) 24.

Дреновац на дуелот со Металац постигна 17 поени за 28 минути и притоа имаше шут 6 од 8 од игра (6/6 за два поена); 5 од 5 од линијата за слободни фрлања и 8 скокови.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска