Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1.597 лица, прегледале 446 патнички моторни возила, извршиле преглед на 66 лица и поднеле 59 извештаи за непосредно забележани лица.
– По основ на телеграма приведени се 31 лице, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – 10 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 20 лица, по извршено кривично дело – 17, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 10 лица, за издржување на казна затвор – осум лица, за утврдување на идентитет – седум лица и за недозволени предмети по основ на прекршоци – седум лица, соопшти денеска МВР.
Вкупно 21 лице биле приведени лица поради нарушување јавен ред и мир, шест лица за учество во тепачка, 11 лица за физички напад, додека четири лица за комар или други игри на среќа.
Едно лице е приведено со оружје – пушка, додека 32 лица за – едно лице за поседување опојни дроги.
– Вкупно 31 лице се приведени со патничко моторно возило, од кои 17 по телеграма, три лоца за непоседување на соодветна документација, едно лице поради сомнение за извршено кривично дело, седум лца за сторен сообраќаен прекршок и две лица за сторен царински прекршок, се наведува во соопштението.
Пет лица се приведени со товарни моторни возила поради непоседување на соодветна документација за товар, а осум лица со мотоцикл се приведени поради непоседување на соодветна документација .
Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа извршиле 10 обезбедувања на лица, изготвиле две оперативни информации и укажале 13 асистенции при вршење претрес на дом и други простории. – Извршено е физичко обезбедување на затвор Идризово, пронаоѓање лица кои се бараат по судска наредба и пружена е помош на душевно болно лице, се наведува во соопштението од МВР.