Судот одби да му го одземе пасошот на Заев и го ослободува од мерката

Од:

Укината е обврската за претседателот на СДСМ, Зоран Заев, секоја недела да се јавува во струмичкиот суд како четвртообвинет во случајот „Пуч“, а Кривичниот совет на скопскиот Основен суд го одби барањето на Јавното обвинителство да му се одземе пасошот.

Во понеделник, пак, закажано е ново рочиште за овој предмет во кој првообвинет е поранешниот прв разузнавач, Зоран Верушевски.

До сега се одржаа две рочишта, но материјалната расправа не отпочна затоа што Заев не се појавуваше во судот. Се очекува и овој пат расправата да се одложи и стартот на судењето воопшто да не започне.

Предметот треба да го преземе специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е задолжена за истрагите поврзани со масовното прислушување и наводите кои произлегоа од прислушуваните разговори. Јанева се уште се нема произнесено за овој предмет.

Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски остануваат во притвор додека рочиштата се одложуваат. На сопругата на Верушевски и Бранко Палифров, кои беа притворени на први февруари, мерката притвор им беше укината на крајот на јули.

Експертите велат дека специјалната јавна обвинителка веќе требаше да оформи став за овој предмет.

-Не може да се чека на неа да формира тим, туку треба да преземе нешто. Тоа е нејзина обврска, да се изјасни и да оформи став – смета поранешната прва антикорупционерка, Слаѓана Тасева.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата