(ВИДЕО) СДСМ Штип: Штипските училишта должат 770.000 евра

Од:

„Стравуваме дека и оваа учебна година учениците во Штип  ќе ја следат во јакни, шалови и ракавици.

Огромни 770.000 евра должат 9 училишта во Штип, 5 основни и 4 средни. Долговите се главно за неплатен превоз на учениците и за нафта за греење. Речиси половина милион евра должат само две училишта“, рече на денешната прес конференција Јане Миланов, советник од СДСМ и коалициските партнери.

„Најголем долг има Медицинското училиште Јане Сандански, над 260.000 евра. А училиштето Коле Нехтенин должи 220.000 евра.

Ова се официјални податоци заклучно со 31 декември 2014 година. Ако се земе предвид дека за три месеци завршува 2015, колку се пораснати долговите може да каже градоначалникот Захариев.

Општинскиот буџет на општина Штип за 2015 година е рестриктивен.

Намален е токму во ставката каде училиштата најмногу должат, набавка на стоки и услуги, за 10 милиони денари.

Ова најавува уште една долга и студена зима за учениците и нови проблеми и нервози за родителите и граѓаните на Штип.

Бараме од Илчо Захариев навреме да ги преземе потребните мерки за тоа да не се случи. Неговите сопартијци Груевски и Ставрески немаат право да јадат чоколадо, додека граѓаните немаат за леб“, изјави Јане Миланов.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош