Анализата и барањата на ЗНМ за структурни промени во медиумската сфера во Македонија се навремени и политички вредни. се согласија амбсадорките на Франција и на Германија на денешната завршна конференција на ЗНМ.
– Се надевам дека политичките партии ќе се согласат и ќе ги имплементираат потребните промени кои се однесуваат на медиумското законодавство, вклучувајќи го и финансирањето на медиумите и обезбедување на основа за јавност која нема да припаѓа на партиите, ниту на владата, рече Кристина Алтхаузер, амбасадор на Германија во РМ
Таа ја потенцираше ситуацијата со насилството врз новинарите
– Иако судовите носат одлуки, следејќи ги практиките на Европскиот совет за човекови права, сепак нема успех во решавањето на постоечкиот број на случаи и ова е особено загрижувачки факт. Неопходно е да се реформира медиумскит сектор во Македонија, рече амбасадорката Алтхаузер.
Лорен Оер, амбасадорката на Франција во РМ потсети на случајот со нападот врз култниот француски весник „Шарли Ебдо“, нагласувајќи дека слободата на изразувањето треба да биде врвна вредност.
– Со договорите од 2 јуни и од 15 јули, прозорецот на можности е отворен, но во тој процес на нормализација, улогата на медиумите е особено важен, а особено тие мора да ја подобрат состојбата во време на изборите. рече амбасадорката Оер.