Израел бомбардира цели во Појасот Газа како одговор на ракетен напад

Од:

Израелските воздушни сили вчера бомбардираа цели во Појасот Газа, откако една ракета е истрелана од палестинска територија кон Израел.

Ракетата е пресретната од противракетниот систем „Железна купола“, додека во нападите во Газа нема жртви. Израелската војска објави дека се нападнати четири цели на терористи.

Според палестинските медиуми, израелската армија нападнала места за обука на милитантен Хамас, кој владее со Појасот Газа.

Израелските медиуми наведуваат дека одговорноста за нападот со ракети од типот „град“ ја презела група поврзана со „Исламска држава“.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави