ВИДЕО: Јанева избра 14 обвинители со кои ќе го истражува криминалот од бомбите

Од:

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска до Советот за јавни обвинители достави листа на кандидати кои би работеле во нејзиниот тим за истражување на наводите од прислушуваните разговори. Во листата на Јанева се наоѓаат обвинители од постојните јавни обвинителства од повеќе градови.

-Се работи за вкупно 14 јавни обвинители заедно со мене 15. Во конретниот случај се работи за истакнати професионалци кои уживаат доверба и висока репутација. Бројот на јавни обвинители е неопходен за успешно работење на специјалното јавно обвинителство. Во меѓувреме се преземаат сите активности за обезбедување на непречени и соодветни услови за работа. Очекувам специјалното јавно обвинителство наскоро официјално да започне со својата работа – изјави Јанева.

Според предложената листа осум кандидати се од Основното јавно обвинителство од Скопје, а останатите од Куманово, Тетово, Гостивар и Кочани.

Преостанува Советот на јавни обвинители да ја одобри листата на Јанева и во нејзиниот тим да се најдат: Артан Ајро јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје Бурим Рустени јавен обвионител во ОЈО куманово Гаврил Бубевски ЈО во ОЈО Скопје Дарко Јакимовски ЈО во ОЈО Скопје Елизабета Јосифовска ЈО во ОЈО Гостивар Лејла Кадриу ЈО во ОЈО Тетово Ленче ристовска ЈО во ОЈО Скопје.

Во тимот е и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција позната по тоа што ги водела случаите „Маѓар телеком“, „Шпион“, „Ликвидација“, „Фаланга 2“ и тој против претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Стефанова е обвинителот која побара затворска казна за новинарот Томислав Кежаровски.

Преостантите во тимот се Љубомир Лапе ЈО во ОЈО Крива Паланка, Марија Ѓорѓева ЈО во ОЈО Скопје, Снежана Бундалевска ЈО во ОЈО Скопје, позната по случајот за тајванските кредити и обвинението против Васил Тупурковски, Стевчо Донев ЈО во ОЈО Кочани, Фатим Ефетаи ЈО во ОЈО Скопје, Трајче Пеливанов ЈО во ОЈО Скопје кој работеше на случајот против докторот Дејан Ставриќ, кој беше обвинет за наводно мито од 2000 евра, а случајот веќе еднаш падна на Апелациониот суд.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски