Партиите кои се залагаат за независност на Каталонија освоија 72 места во Парламентот

Од:

Партиите кои се залагаат за независност на шпанската автономна област Каталонија вкупно освоија 72 места во каталонскиот Парламент, покажуваат резултатите од 100 проценти обработени гласачки ливчиња.

Коалицијата за независност на Каталонија „Заедно за ’Да’“ освои 62 места во Парламентот (39,55 отсто од гласовите). Партијата Кандидатура за народно единство, која се залага за отцепување на Каталонија освои десет пратенички места (8,21 проценти од гласовите).

Резултатите покажуваат дека сепаратистичките партии и движења вкупно имаат помалку од 48 проценти поддршка.

Партијата Граѓани освои 25 места од вкупно 135 пратеници, Каталонската социјалистичка партија – 16, а локалниот огранок на владејачката шпанска Народна партија освои 11 места, колку и партијата Каталонија.

Шпанскиот претседател Маријано Рахој рече денеска дека е подготвен да соработува со новата влада на Каталонија и да разговара за широк спектар прашања.

– Постојат многу работи за кои може да се разговара. Но, додека сум претседател на Владата нема да го доведувам во прашање единството на Шпанија, националниот суверенитет и слобода за сите Шпанци. Подготвен сум да слушам, но не сум подготвен да се откажам од законите, изјави Рахој.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба