Талибанците зазедоа болница и владини згради во авганистанскиот град Кундуз

Од:

Авганистанските талибанци извршија денеска рано изутрината жесток напад од три насоки врз авганистанскиот град Кундуз, престолнина на истоимената провинција, во кој загинаа четири цивили, а 47 се ранети.

Дваесет бунтовници загинале во судирите со силите за безбедност, кои исто така претрпеле жртви, но засега нивната бројка не е позната, изјави портпаролот на началникот на полицијата во Кундуз.

Талибанците зазедоа болница со 200 легла во Кундуз и уште неколку владини згради.

Нивниот портпарол Забиула Муџахид изјави на Твитер дека бунтовниците зазеле болница во јужниот дел на градот.

Информацијата за заземената државна болница беше потврдена и од полициски извор.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети